Tur audio

Tur audio Откријте го село Градешница, Мариово

QR code

2 sights

  1. Sumar tur audio
  2. Sumar tur audio

    Сместено во живописната долина на Градешка Река, Градешница е најголемо село во битолскиот дел на Мариово. Се верува дека најпознатиот претставник на македонската шегобијна мудрост - Итар Пејо, потекнувал токму од ова село.

    Градешница е ридско село во долината на Градешка река на 850 метри надморска висина. Не се знае точно кога настанало селото, но според археолошките наоди на ова место постои континуитет на живот од праисторија. Според легендата името на селото доаѓа од жителите на „Градот“ Пешта и селото Лешница кои се населиле на ова место. Во близина на селото во 1952 година е пронајден и заб од мастодонт, еден од деветте примероци од мастодонт пронајдени во Македонија, кој денес се чува во Природниот музеј во Белград.
    Селото Градешница доста претрпело во Илинденскиот и поилинденскиот период, а за време на Првата светска војна било во целост разрушено со огромен број на жртви. Пробојот на Македонскиот фронт, се случил на месноста Добро Поле на околу 15 км од селото, битка, која според дел од историчарите, довела до побрзо завршување на Првата светска војна.
    Според пописот во 1953 година во селото имало 1.085 жители, но поради масовното иселување во 2002 година тој број се намалил на 88. Во Градешница има 9 цркви од кои најстара е „Св. Димитрие“ (XIV век), сместена на влезот од селото.

  3. 1 Село Градешница
  4. 2 Црква „Свети Димитрие“ во село Градешница, XIV - XV век
  5. 3 Итар Пејо – претставник на македонската шегобијна мудрост
  6. 4 Споменик „Победа - 100 години потоа“, село Градешница
  7. 5 Црква „Свети Никола“, село Градешница, XIX век
  8. 6 Остатоци од комплекс на Римски вили во село Градешница
  9. 7 Градешка Река
  10. 8 Темнички вир, село Градешница
  1. Sumar tur audio

    Сместено во живописната долина на Градешка Река, Градешница е најголемо село во битолскиот дел на Мариово. Се верува дека најпознатиот претставник на македонската шегобијна мудрост - Итар Пејо, потекнувал токму од ова село.

    Градешница е ридско село во долината на Градешка река на 850 метри надморска висина. Не се знае точно кога настанало селото, но според археолошките наоди на ова место постои континуитет на живот од праисторија. Според легендата името на селото доаѓа од жителите на „Градот“ Пешта и селото Лешница кои се населиле на ова место. Во близина на селото во 1952 година е пронајден и заб од мастодонт, еден од деветте примероци од мастодонт пронајдени во Македонија, кој денес се чува во Природниот музеј во Белград.
    Селото Градешница доста претрпело во Илинденскиот и поилинденскиот период, а за време на Првата светска војна било во целост разрушено со огромен број на жртви. Пробојот на Македонскиот фронт, се случил на месноста Добро Поле на околу 15 км од селото, битка, која според дел од историчарите, довела до побрзо завршување на Првата светска војна.
    Според пописот во 1953 година во селото имало 1.085 жители, но поради масовното иселување во 2002 година тој број се намалил на 88. Во Градешница има 9 цркви од кои најстара е „Св. Димитрие“ (XIV век), сместена на влезот од селото.

Recenzii

A minimum rating of 1 star is required.
Please fill in your name.
  • Teren

    4 out of 5 rating 07-21-2022

    nice and interesting Tour. thank you for the german Translation.

Creați-vă propriile tururi audio!

Folosirea sistemului şi a aplicaţiei ghid mobile este gratuită

Start

App preview on iOS, Android and Windows Phone