Tour audio

Tour audio Битола - тура низ центарот на градот

QR code

2 sights

  1. Aperçu de l'audioguide
  2. Aperçu de l'audioguide

    Добре дојдовте во Битола
    Битола не е обичен град. Тука е обедината европската фантазија и стилот на источните бескрајни приказни на Истокот.
    Битола е град на многубројни симболи кои се со длабоко значење.
    Од Хераклеа Линкестис која е формирана кон 5 век пред нашата ера и опстојувала до 6 век од нашата ера, со доаѓањето на Словените, до денес, во овој град секој оставал пораки кои се длабоки и со симболично единствено значење.
    Севкупната архитектура на градот има свое значење, има свој филозофски урбанизам и сѐ е во доменот на длабоко осмислена градска творба каква што не се среќава на Балканот.
    Тоа можеби доаѓа и оттаму што градот е метропола во космополитизмот или од тоа што населението секогаш живеело во едно огромно меѓусебно разбирање и почитување, наспроти сите несреќи, разрушувања, деструкции кои му ги носел некој друг.
    Неговата големина била можеби затоа што на почетокот од 20 век бил најголем град на Балканот по Солун, но можеби и затоа што тој е една од најуспешните синтези на пацифизмост, разбирањето на големиот број етнички групи и, секако, архитектонските градби што севкупното население ги оставало постигнувајќи совршена хармонија и одредено творечко човекољубие кое ни денес не се среќава по центрите на урбаното живеење.
    Можеби тоа било и затоа што Отоманската Империја во овој град гледала своевиден мост на поврзување на Истокот и Западот во целосна форма, можеби и затоа што еврејските рабини во него ја наоѓале најголемата медитативност или можеби затоа што во неговата околина Буковскиот манастир бил наречен втора Света Гора…
    Следењето на илјадагодишното постоење на Битола најмногу по објектите и записите вградени во трајноста на нивното постоење, земско или подземско, всушност е следење на единствена и неповторлива историја која не е само светско културно наследство, туку градска севкупност која низ вековите оставала длабоки духовни пораки за вечноста и бесмртноста откривајќи ја светлината и топлината на медитеранот како единствена визија за една хуманистичка, складна, смислена и оправдан иднина, иднина на љубов и разбирање во секој поглед на причината на постоењето и смислата на човекот кој размислува, создава, твори, живее според принципите на сите симболи и севкупната небесна азбука наречена Бетел, Обител, Монастири, Битола….

  3. 1 Музеј Битола
  4. 2 Офицерски Битола
  5. 3 Кино Манаки
  6. 4 Католичка црква „Пресвето Срце Исусово“ Битола
  7. 5 Црква Св. Димитрија - Битола
  8. 6 Саат кула Битола
  9. 7 Јени џамија - Битола
  10. 8 Безистен - Битола
  11. 9 Исак џамија - Битола
  12. 10 Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис
  1. Aperçu de l'audioguide

    Добре дојдовте во Битола
    Битола не е обичен град. Тука е обедината европската фантазија и стилот на источните бескрајни приказни на Истокот.
    Битола е град на многубројни симболи кои се со длабоко значење.
    Од Хераклеа Линкестис која е формирана кон 5 век пред нашата ера и опстојувала до 6 век од нашата ера, со доаѓањето на Словените, до денес, во овој град секој оставал пораки кои се длабоки и со симболично единствено значење.
    Севкупната архитектура на градот има свое значење, има свој филозофски урбанизам и сѐ е во доменот на длабоко осмислена градска творба каква што не се среќава на Балканот.
    Тоа можеби доаѓа и оттаму што градот е метропола во космополитизмот или од тоа што населението секогаш живеело во едно огромно меѓусебно разбирање и почитување, наспроти сите несреќи, разрушувања, деструкции кои му ги носел некој друг.
    Неговата големина била можеби затоа што на почетокот од 20 век бил најголем град на Балканот по Солун, но можеби и затоа што тој е една од најуспешните синтези на пацифизмост, разбирањето на големиот број етнички групи и, секако, архитектонските градби што севкупното население ги оставало постигнувајќи совршена хармонија и одредено творечко човекољубие кое ни денес не се среќава по центрите на урбаното живеење.
    Можеби тоа било и затоа што Отоманската Империја во овој град гледала своевиден мост на поврзување на Истокот и Западот во целосна форма, можеби и затоа што еврејските рабини во него ја наоѓале најголемата медитативност или можеби затоа што во неговата околина Буковскиот манастир бил наречен втора Света Гора…
    Следењето на илјадагодишното постоење на Битола најмногу по објектите и записите вградени во трајноста на нивното постоење, земско или подземско, всушност е следење на единствена и неповторлива историја која не е само светско културно наследство, туку градска севкупност која низ вековите оставала длабоки духовни пораки за вечноста и бесмртноста откривајќи ја светлината и топлината на медитеранот како единствена визија за една хуманистичка, складна, смислена и оправдан иднина, иднина на љубов и разбирање во секој поглед на причината на постоењето и смислата на човекот кој размислува, создава, твори, живее според принципите на сите симболи и севкупната небесна азбука наречена Бетел, Обител, Монастири, Битола….

Commentaires

A minimum rating of 1 star is required.
Please fill in your name.
  • Birte

    4 out of 5 rating 08-10-2023

    Clear itinerary. Interesting variety of places and buildings. If you want, you can interrupt your tour for a coffee, snack or ice cream in one of the many bars and restaurants, which seem to be popular with tourists and locals alike.

Créez vos propres visites audio!

L'utilisation du système et de l'appli de guide mobile est totalement gratuite

Commencer

App preview on iOS, Android and Windows Phone