Audio tour Не толку познати локалитети околу Скопје
2 sights
- Sommario Auditour
-
Sommario Auditour
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version or update your Flash plugin.Добредојдовте на велосипедската прошетка по помалку познатите локалитети околу Скопје. Заедно ќе се впуштиме во околината на Скопје, во руралната област. Ќе патуваме низ селата, индустриските области и урбаните делови на градот кои пинаку можеби не би ги посетиле. Или можеби поминувате покрај нив секој ден, но не сте обратиле внимание. Во оваа прошетка ќе направиме истражување на историјата на градот Скопје. Ќе видиме каде живетат и работат луѓето во Скопје. Додека на крајот, ќе отидеме на тивко место во природа за да имаме момент меѓу растенијата.
Најпрво ќе го посетиме археолошкиот локалитет Скупи и Римскиот аквадукт, а потоа ќе се вратиме во поурбано опкружување. Потоа ќе одиме на другиот крај на градот за да се релаксараме меѓу дрвјата и растенијата и на Дендро-паркот и на Ботаничката градина на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Конечно, ќе се вратиме назад до почетна точка.
Добредојдени сте да ја прилагодите прошетката со тоа што ќе останете подолго на едно место или ќе прескокнете друго место. Исто така, добредојдени сте да ја напуштите прошетката во секој момент кога ќе почувствувате дека е доволно. Или дури и да планирате да ја поминете рутата во два различни дена.
Бидете свесни дека иако ние внимателно ја испланиравме оваа рута за да ги следиме велосипедските патеки колку што е можно повеќе, во одредени делови ќе возиме по улици заедно со моторни возила, ќе имаме и некои земјени патишта кои може да имаат калливи дупки, а има и неколку прометни улици кои треба да ги поминеме.
Друга важна работа е што велосипедските патеки не се направени за да може да се следат интуитивно, можеби ќе треба да ги побарате. Понекогаш, некои велосипедски патеки намерно се мешаат со пешаци. Додека на други велосипедски патеки има повремени пречки како што се пешаци, автомобили или дури и велосипедисти кои одат во погрешна насока. Затоа, внимавајте на секое движење додека возите. - 1 Скупи театар
- 2 Скупи
- 3 Некропола Скупи
- 4 Скопски Аквадукт
- 5 Дендро парк - Шумарски факултет
- 6 Ботаничка градина, ПМФ
-
Sommario Auditour
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version or update your Flash plugin.Добредојдовте на велосипедската прошетка по помалку познатите локалитети околу Скопје. Заедно ќе се впуштиме во околината на Скопје, во руралната област. Ќе патуваме низ селата, индустриските области и урбаните делови на градот кои пинаку можеби не би ги посетиле. Или можеби поминувате покрај нив секој ден, но не сте обратиле внимание. Во оваа прошетка ќе направиме истражување на историјата на градот Скопје. Ќе видиме каде живетат и работат луѓето во Скопје. Додека на крајот, ќе отидеме на тивко место во природа за да имаме момент меѓу растенијата.
Најпрво ќе го посетиме археолошкиот локалитет Скупи и Римскиот аквадукт, а потоа ќе се вратиме во поурбано опкружување. Потоа ќе одиме на другиот крај на градот за да се релаксараме меѓу дрвјата и растенијата и на Дендро-паркот и на Ботаничката градина на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Конечно, ќе се вратиме назад до почетна точка.
Добредојдени сте да ја прилагодите прошетката со тоа што ќе останете подолго на едно место или ќе прескокнете друго место. Исто така, добредојдени сте да ја напуштите прошетката во секој момент кога ќе почувствувате дека е доволно. Или дури и да планирате да ја поминете рутата во два различни дена.
Бидете свесни дека иако ние внимателно ја испланиравме оваа рута за да ги следиме велосипедските патеки колку што е можно повеќе, во одредени делови ќе возиме по улици заедно со моторни возила, ќе имаме и некои земјени патишта кои може да имаат калливи дупки, а има и неколку прометни улици кои треба да ги поминеме.
Друга важна работа е што велосипедските патеки не се направени за да може да се следат интуитивно, можеби ќе треба да ги побарате. Понекогаш, некои велосипедски патеки намерно се мешаат со пешаци. Додека на други велосипедски патеки има повремени пречки како што се пешаци, автомобили или дури и велосипедисти кои одат во погрешна насока. Затоа, внимавајте на секое движење додека возите.
Recensioni
1 recensione
Recensisci questo tour-
10-03-2021
Great budget-friendly and interesting concept for gettingtoknow city'shistory. Would recommend it ✌
Scarica l'app gratuita izi.TRAVEL
Crea i tuoi audio tour!
L'uso del sistema e l'app di guida per dispositivi mobili sono gratuiti
