Audio tour

Audio tourПриказната за Калеш Анѓа и тврдината „Пешта“

2 sights

  1. Audio tour Summary
  2. Audio tour Summary

    Тврдината Пешта е позната по приказната за Калеш Анѓа, убавата девојка од Мариово, која е симбол на македонскиот непокор за време на Отоманското владеење. Трасата која низ село Градешница Ве води до манастирот „Брен“ и тврдината „Пешта“ е одлична можност да дознаете повеќе за бурното минато на регионот Мариово.

    Приказната за Калеш Анѓа

    Во првите векови од Османлиското ропство, за разлика од христијанското население од другите делови од Македонија, населението во Мариово било слободно и така се однесувало при посетата на поголемите градови, како Прилеп и Битола. Токму при една таква посета, кога Мариовците во поголема група биле да пазарат во Прилеп, момчињата кои биле во групата биле грабнати и испратени да бидат јаничари. Едно од тие момчиња бил и петгодишниот Ангеле, брат близнак на Анѓа од фамилијата Сирмевци во село Старавина. Ангеле бил однесен некаде далеку во Османлиската империја, а Анѓа во родното Старавина израснала во убава црномуреста девојка, заљубена во нејзиниот врсник Стојан, со кого заедно израснале. При една посета во село Витолиште, убавата Анѓа му запнала за око на кадијата, кој ја грабнал и ја однел во своите сараи во Прилеп. Но ниту примамливите ветувања за богатство и раскош, ниту заплашувањата и заканите по нејзиниот живот, не ја убедиле Анѓа да ја смени својата вера и да стане жена на кадијата. Омразата кон оние кои го грабнале нејзиниот брат, љубовта кон Стојан и силната вера, и` дале сила да издржи до крај и да ја зачува својата чест. Во меѓувреме, нејзините најблиски дознале во која куќа се чува Анѓа и успеале да ја спасат, а потоа се повлекле во Мариово. Според легендата, ова е и вовед во таканаречената Мариовска буна (1564-1565 год.), во која Анѓа и Стојан се едни од водачите. Сепак и покрај смелиот отпор во тврдината Пешта, востаниците на крај биле поразени и под синџири биле одведени во Цариград.

  3. 1 Тврдината Пешта, Мариово
  4. 2 Приказната за Калеш Анѓа
  5. 3 Манастир „Свети Илија“ – Брен, село Градешница
  6. 4 Традиционално пчеларење во Мариово
  7. 5 Итар Пејо – претставник на македонската шегобијна мудрост
  8. 6 Споменик „Победа - 100 години потоа“, село Градешница
  9. 7 Црква „Свети Никола“, село Градешница, XIX век
  10. 8 Црква „Свети Димитрие“ во село Градешница, XIV - XV век
  1. Audio tour Summary

    Тврдината Пешта е позната по приказната за Калеш Анѓа, убавата девојка од Мариово, која е симбол на македонскиот непокор за време на Отоманското владеење. Трасата која низ село Градешница Ве води до манастирот „Брен“ и тврдината „Пешта“ е одлична можност да дознаете повеќе за бурното минато на регионот Мариово.

    Приказната за Калеш Анѓа

    Во првите векови од Османлиското ропство, за разлика од христијанското население од другите делови од Македонија, населението во Мариово било слободно и така се однесувало при посетата на поголемите градови, како Прилеп и Битола. Токму при една таква посета, кога Мариовците во поголема група биле да пазарат во Прилеп, момчињата кои биле во групата биле грабнати и испратени да бидат јаничари. Едно од тие момчиња бил и петгодишниот Ангеле, брат близнак на Анѓа од фамилијата Сирмевци во село Старавина. Ангеле бил однесен некаде далеку во Османлиската империја, а Анѓа во родното Старавина израснала во убава црномуреста девојка, заљубена во нејзиниот врсник Стојан, со кого заедно израснале. При една посета во село Витолиште, убавата Анѓа му запнала за око на кадијата, кој ја грабнал и ја однел во своите сараи во Прилеп. Но ниту примамливите ветувања за богатство и раскош, ниту заплашувањата и заканите по нејзиниот живот, не ја убедиле Анѓа да ја смени својата вера и да стане жена на кадијата. Омразата кон оние кои го грабнале нејзиниот брат, љубовта кон Стојан и силната вера, и` дале сила да издржи до крај и да ја зачува својата чест. Во меѓувреме, нејзините најблиски дознале во која куќа се чува Анѓа и успеале да ја спасат, а потоа се повлекле во Мариово. Според легендата, ова е и вовед во таканаречената Мариовска буна (1564-1565 год.), во која Анѓа и Стојан се едни од водачите. Сепак и покрај смелиот отпор во тврдината Пешта, востаниците на крај биле поразени и под синџири биле одведени во Цариград.

Reviews

No reviews yet

Write the first review
A minimum rating of 1 star is required.
Please fill in your name.