Audio tour

Audio tourМанастир „Чебрен“ - Мариово

2 sights

  1. Audio tour Summary
  2. Audio tour Summary

    Манастирот „Чебрен“ е изграден врз темелите на истоимениот антички град, а денес тој е познат и по браната која се предвидува да се изгради на тоа место. Прошетката до овој манастир е одлична можност да се запознаете со богатото културно и природно богатство на регионот Мариово.

    Населбата или градот Чебрен егзистирал и во периодот пред римската окупација, односно за време на владеењето на македонската империја, што ни го докажуваат наодите на монети исковани од кралевите на античка Македонија. Според пишаните извори, градот на локалитетот „Чебрен“ кај селото Зовиќ во средниот век се викал Чемрен. Во минатото, локалниот планински пат што поаѓал од полето на запад и ја сечел јужномориовската висорамнина, го допирал Чебрен и се качувал до пазувите на Кајмакчалан - Кожуф на исток, кон старите рудници на железо. Денес тоа е патот Суводол - Рапеш - Манастир - Полчиште.
    Манастирскиот комплекс е основан во периодот пред паѓањето под турска власт, односно во првата половина на XIV век. Со тек на времето градот Чебрен полека почнал да исчезнува, така што останал само манастирот. Манастирот во почетокот на XVIII век имал училиште за свештеници кои вршеле служба по црквите низ областа Мариово и бил мошне активен се до првите децении на XX век. Во своето повеќевековно постоење бил повеќе пати обновуван заради честите опожарувања, грабежи и разрушувања. Постои податок дека за време на Првата светска војна биле срушени и доста оштетени дел од објектите на манастирот.
    Манастирскиот комплекс бил заштитен со ограден ѕид од камен кој и денес постои, но е делумно срушен.

  3. 1 Село Зовиќ, Мариово
  4. 2 Црква „Свети Никола“, село Зовиќ, XIX век
  5. 3 Црква „Свети Атанасиј“, село Зовиќ, XVII век
  6. 4 Археолошки локалитет „Марта“, село Зовиќ
  7. 5 Споменици на природата во Мариово
  8. 6 Манастирски комплекс Чебрен
  9. 7 Црква „Свети Спас“ или „Вознесение Христово“, XV –XVI век
  10. 8 Црква „Свети Димитрие“, манастир Чебрен, XIV век
  11. 9 Хидрографска состојба на областа Мариово
  1. Audio tour Summary

    Манастирот „Чебрен“ е изграден врз темелите на истоимениот антички град, а денес тој е познат и по браната која се предвидува да се изгради на тоа место. Прошетката до овој манастир е одлична можност да се запознаете со богатото културно и природно богатство на регионот Мариово.

    Населбата или градот Чебрен егзистирал и во периодот пред римската окупација, односно за време на владеењето на македонската империја, што ни го докажуваат наодите на монети исковани од кралевите на античка Македонија. Според пишаните извори, градот на локалитетот „Чебрен“ кај селото Зовиќ во средниот век се викал Чемрен. Во минатото, локалниот планински пат што поаѓал од полето на запад и ја сечел јужномориовската висорамнина, го допирал Чебрен и се качувал до пазувите на Кајмакчалан - Кожуф на исток, кон старите рудници на железо. Денес тоа е патот Суводол - Рапеш - Манастир - Полчиште.
    Манастирскиот комплекс е основан во периодот пред паѓањето под турска власт, односно во првата половина на XIV век. Со тек на времето градот Чебрен полека почнал да исчезнува, така што останал само манастирот. Манастирот во почетокот на XVIII век имал училиште за свештеници кои вршеле служба по црквите низ областа Мариово и бил мошне активен се до првите децении на XX век. Во своето повеќевековно постоење бил повеќе пати обновуван заради честите опожарувања, грабежи и разрушувања. Постои податок дека за време на Првата светска војна биле срушени и доста оштетени дел од објектите на манастирот.
    Манастирскиот комплекс бил заштитен со ограден ѕид од камен кој и денес постои, но е делумно срушен.

Reviews

No reviews yet

Write the first review
A minimum rating of 1 star is required.
Please fill in your name.